5 Типови на мажи кои никогаш нема да ги промените

loading...

Има типови на мажи кои не може да ги промените. Но, прашањето кое се наметнува е – зошто воопшто би се труделе да го правиме тоа?

Ставете се во обратна ситуација – колку пријатно би ви било доколку некој сака да ве промени вас? Никој не е совршен и секој со своите мани и карактерни особини, тоа е она што треба да го запаметите. Доколку некого го сакате искрено и од срце, нема да се обидувате да го промените, дури и ако е:

Пивопиец

Можеби сметате дека виното е пософистициран избор на пијалак или дека пивото не е соодветно за секоја пригода, но за овие момци ништо не се споредува со „грч“ ладно пиво. Или придружете му се на изборот или замолчете и гледајте си го вашиот пијалак.

Зависник од видео игри

Или кажано со модерниот жаргон на изразување „гејмер“. Вам ви се чини безумно да се потрошат 3 и повеќе часа прикован на столчето со поглед вперен во мониторот и рацете залепени за глувчето и тастатурата, додека се обидува да собере што е можно повеќе „мана“. И нему можеби му изгледа безумно 3-часовното разгледување чевли по излози, па никому ништо.

portrait of a angry young man

Мамин син

Тие се слушаат постојано на телефон, си комуницираат на Фејсбук и Вибер, си праќаат слики и редовно пијат кафе сами. Едноставно се блиски и наместо да ве иритира тој факт, прифатете го и бидете среќни што сте нашле маж што ги разбира и почитува жените. Секако, доколку нивното однесување е во разумни граници.

Спортски фанатик

Спортска среда, спортска сабота, финале Лига на шампиони, НБА финале, Формула 1, некакво си пријателско дерби… веројатно немате изгледано толку спортски натпревари во животот, колку што мажот гледа во една недела. Сепак, секој има своја пасија и не треба да му биде забранета. Вас ве заморува некој додека гледате серии или читате книги?

Хиперактивен кој не го држи место

Додека вие сакате да си поспиете наутро и да го испиете првото кафе во мир и тишина, тој веќе е буден неколку часа, исцедил сок, направил кафе, испазарил и прави план каде да се оди следно. Едноставно „не го држи место“ и наместо да се нервирате како сте со некој што има „црвци во газот“ прифатете дека имате различни сензибилитети и карактери и извадете го најдоброто од овој однос.

 

Translate »