Градоначалникот Бутарис дивјачки нападнат и претепан во Солун (Видео)

75 годишниот Јанис Бутарис денеска беше дивјачки  нападнат во Солун,  за  време на церемонијата на  одбележување на годишнината од геноцидот на Пондите, грчко население од Мала Азија кое било протерано во 1923 година  од страна на Младотурците,  по што биле приморани да се отселат на север на територија на поранешниот СССР и во Грција.

Тој прво беше вербално нападнат и исвиркан  поради неговиот позитивен став кон Турција, а потоа толпата тргна да го линчува.

Лица во качулки се нафрлија врз него и го соборија на земја. Неговото обезбедување одвај успеа да го спаси. Toj е хоспиталзиран поради повреди  на главата.

Translate »