Само една земја во светот не ја загадува планетата
Речиси сите држави во светот емитуваат повеќе јаглен диоксид отколку што шумите може тоа да го апсорбираат. Меѓутоа една држава е поинаква.
Бутан е единствената земја која најмалку го загадува воздухот и влијае на климатските промени.
Оваа независна држава има околу 800.000 жители, a нејзината посветеност во одржувањето на здравата животна средина стана дел од националниот идентитет.
За „National Geographic“, премиерот на Бутан пред две години изјави дека владата и нејзините монаси успешно работат на балансирање на економскиот раст и зачувување на животната средина.
Во Уставот на Бутан е наведено дека екологијата и заштитата на животната средина се исклучително важни и законите налагаат најмалку 60 проценти од земјата во секој момент да се пошумени.
Во 2015 година тим од 100 Бутанци постави светски рекорд засадувајќи 49.672 дрва за само еден час.