Две телевизии не добија дозвола за емитување преку етер на цела територија
На вчерашна седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), членовите на Советот едногласно донесоа одлука да не се издаде дозвола за национален дигитален терестријален мултиплекс, односно емитување преку етер на целата територија за телевизиите „ТВ24“ и „ТВ21“.
Како причина за тоа се наведе препораката од студијата што според законската обврска ААВМУ ја нарачала од „Маркет Вижн“, односно, како што рече директорот Зоран Трајчевски, заклучоците се дека во услови на намалување на маркетиншкиот колач, како и стагнантната економска ситуација, не треба да се објави конкурс за доделување дозволи за национално емитување, односно да не се доделат дозволи на телевизиите пренесе Фактор.мк