Видео: Голот на Манасков што ја „запали“ Македонија, а го фрли во очај Исланд
Македонските ракометари, како и многупати досега приредија нова инфаркт завршница и со гол по последната секунда славеа прва гостинска победа против Исланд (33-34), во дебито на Данило Брестовац.
Последната минута на денешниот натпревар беше целосно драматична. И двата тима имаа напад за победа, но посреќни на крајот беа нашите ракометари.
Во последните десет секунди „рибарите“ тргнаа кон нашиот гол, но направија пробивање, а веднаш потоа Магнусон ја фрли топката кон гледалиштето, што значеше и пенал за Македонија. Густафсон му го одбрани седмерецот на Дејан Манасков, но одбиената топка повторно дојде во неговите раце и рутински ја смести во голот на Исланѓаните.
- Погледнетe ги последните луди 20 секунди и погодокот на Дејан Манасков за голема победа против Исланд:

