По шест часа разговори Нимиц изјави дека средбата била тензична, но завршила позитивно
По шест часа разговори заврши состанокот кој ја означи новата рунда преговори меѓу Македонија и Грција. Во местото Сунио, близу главниот град на Грција, се сретнаа министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц. Нимиц даде кратка изјава за медиумите без да одговара на новинарски прашања.
„Денешната средба можам да ја оценам сериозна, во неколку наврати и тензична, но завршивме многу позитивна работа. Двајцата министри сега ќе ги брифираат премиерите во своите земји кои треба да се сретнат во Софија на 17 мај“, изјави медијаторот Нимиц по средбата со министрите за надворешни работи на Македонија и Грција.