Времето денеска променливо
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне со локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 6.
Утринската температура ќе се движи од 6 до 14, а дневната од 23 до 28 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе има услови краткотраен дожд со ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 14 до 26 степени.
Во вторник се очекува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В среда во раните утрински часови сè уште се можни слаби врнежи од дожд, но во текот на денот на денот се очекува постепено стабилизирање на временската состојба.