Момче се избоде со нож во стомакот, заради кавга со родителите
Во куќата сопственост на С.С. во Гостивар вчера дошло до несогласување во семејството и во еден момент синот на сопственикот, Б.С. (40) со нож се избоде во делот на абдоменот.
Неговите родители веднаш го однеле во Медицинскиот центар Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар, информираат од полицијата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.