Пробавме Тартар бифтек!

Храната е во срцето на секојдневниот живот на луѓето, која денес не фасцинира повеќе од било кога. Посебно кога е подготвена со гастрономско искуство и фантазија, од најдобрите состојки, и кога е свежа и убаво сервирана. Храната е најголемата страст и задоволство!

А кога добрата храна подготвена од врвните кулинарски мајстори е комбинирана со одличен амбиент, задоволството и среќата доживуваат кулминација.

Ако сте во потрага по идеално уживање и бегство од градската врева, ресторанот Бакал е местото кое ви го нуди тоа задоволство. Ресторан кој се одликува со топол и пријатен амбиент, збогатен со вкусната интернационална храна и професионална услуга.

За оваа прилика одбравме да пробаме Тартар бифтек по рецептот на главниот шеф во ресторан Бакал. Специјалитет кој се добива од живо месо, кој е многу вкусен и кој во Бакал претставува гастрономски деликатес.

Во Бакал секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и фоие грас,магре, т боне стеак, татар бееф и многу повеќе, место акде може да се најде за секого по нешто.

 

Translate »