Насилниoт сопруг на Наташа Беквалац, ја уценува покрај имотот да му вратела и за сокот од цеден портокал, за 5 светилки од 40 динари…

На Наташа Беквалац и стигна тужба во која насилникот Лука Лазукиќ, откако ја претепа, од неа бара да му препише половина имот во Ченеј и половина стан на Дедиње, како и се што поседува и се што стекнала во текот на животот или пари во вредност од 160.000 евра.

-Лука во тужбата навел дека сака Наташа да му ги врати парите за цеден портокал, силикони и проводници за куќата, телешките гради кои ги јаделе во ресторан, цезар салата, пет сијалици од по 4о динари, но и авио карти за Атина и престојот таму. Тука е и сметката за проводникот кој своевремено го купил за 3.484 динари, додека сметката во кафуле била 6.030 динари. Пет сијалици за станот чинеле по 40 динари, поточно 200 вкупно. Исто така дал 2.850 динари во продавница за фолија и силикони за дома. Ова, според мислењето на многумина е најбизарната работа која еден поранешен маж може да ја бара од некогашната сопруга која брутално ја претепал, а со која има ќерка. Она што го остави во чудо целото семејство Беквалац е тоа што Лука сепак бил во состојба на пејачката, која верувала дека љубовта е вистинска, и работи зад грб и дека на тој начин како да планирал еден ден животот да и го претвори во пекол- вели за Блиц добро упатен во случајот.

Translate »