Заев побарал признавање на МПЦ од Вселенската патријаршија, Вселенскиот патријарх му одговори

 

Во рамки на надлежностите и прерогативите на Вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе тоа што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија, соопштија од Вселенската патријаршија, откако добиле барање и писмо од македонскиот премиер.

Ова барање Светиот синод на Вселенската патријаршија го разгледало на вчерашниот состанок, јави дописничката на МИА од Атина.

„Беше разгледано барањето на расколничката црква во Скопје, барање поддржано и преку писмото на премиерот на ПЈРМ, господинот Зоран Заев, за преземање иницијатива од Вселенската Патријаршија за враќање на црквата во канонски рамки под името Охридска архиепископија и одлучи да се разгледа и да го стори тоа што треба врз основа на условите, што не можат да се прекршат, на историските и канонските надлежности и прерогативите на Вселенскиот патријарх“, соопштуваат од Вселенската патријаршија.

Премиерот Зоран Заев со писмо побарал од Вселенската патријаршија признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како рамноправна црква во православниот свет. Писмото било испратено пред едсен месец.

Translate »