Ципрас му одговори на Иванов: Сложено име, ревизија на Уставот и ерга омнес
Грчкиот премиер Алексис Ципрас и грчката Влада реагираа на вчера изнесениот став на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов дека тој не прифаќа „ерга омнес“ за името, објави грчкиот весник „Катимерини“.
„Ставот на Грција е јасен. За решение на проблемот и прием на Македонија во НАТО и ЕУ е потребно сложено име со географска или времена одредница, за севкупна употреба, како и ревизија на Уставот“, го пренесува „Катимерини“ ставот на грчката Влада и премиерот Ципрас, по вчерашното соопштение од Кабинетот на Ѓорѓе Иванов, дека „македонскиот претседател нема да прифати име за севкупна употреба“.