Како успевав да ги освојам згодните мажи кои можеа да ги имаат најубавите жени
Како успеав да ги освојам мажите пред кои жените паѓаа како покосени. Често слушав како злите јазици велат – “Што гледа во неа?” Но, јас никогаш не се обѕирав на тоа, бидејќи знаев дека го имам она нешто, нешто што сјаеше во моите очи и блескаше на моите усни, секогаш кога се насмевнував. Овие два адути знаев да ги носам подобро од секој накит .
Зошто толку многу луѓе мислат дека изгледот е одлучувачки, особено во љубовта?
Можам отворено да кажам дека не е. Јас уживав во флертувањето. Никогаш не сум била фатална жена, но секогаш знаев како да се носам вос опствената кожа, да ги истакнам сопствените атрибути и својот став. Затоа јас освојував типови пред кои жените
паѓаа како снопје. Многу од нив, кои реално изгледаа како милион долари, немаа шанса со мене , само затоа што тие беа несигурни..Тие знаеја дека изгледаат добро, но мислеа дека не се доволно добри. И додека тие размислувале за тоа што би направиле , како би направиле и дали воопшто нешто би направиле, јас се шегував, предизвикував и уживав во играта на флертувањето. Бидејќи што , по ѓаволите, би можела да изгубам?
Баш ништо.
Но, исто како што се грижев за мојата коса, фигура, насмевката и шминката, секогаш го хранев и својот ум. Читав, патував, истражував и учев. Додека другите девојки се фокусираа на зајакнување на задникот во тесни фармерки, и мешање со колковите, гласна смеа и се обидуваа со трепкање и деколте да заведат некој (често зафатен) човек, јас се занимавав со
мојот живот и си ја хранев душата.Никогаш не ми требаше некој да бидам среќна. Не ја барав својата подобра половина затоа што бев свесна дека сум се родила цела и никогаш не сум прифаќала половични односи.
Убавината е минлива
Со фраерите со кои бев , од почетокот се знаеше правилото – или се или ништо. И тие дури и не се обидоа тоа да го оспорат. Секој од нив беше луд по мене, а на прашањето зошто во толпата на полуголи убавици ја избраа онаа која на новогодишната забава дојде закопчана до грло и изгледаше како да се досадува, јас секогаш го добивав истиот одговор – “Твојот мозок
малечка, твојот мозок. Начинот на кој зборуваш, мислиш, му приоѓаш на светот и не остануваш должна никому, тоа е брутално секси. Ниеден газ не може да се мери со тоа. И додека живееме во свет кој инвестира толку многу во убавината, физичкиот изглед и борбата против стареењето, за да бидеме “секогаш млади и убави”, забораваме колку во било која игра од онаа на заведувањето па до животната , е важен силен ум. Жените забораваат дека од староста не можат да избегаат и дека мажот мора не само да го привлечат туку и да го задржат . И да, секоја од нас може да го доведе нашето тело до совршенство со вежба, може да биде божица на секс, но ако нема нешто повеќе, како ќе изгледа врската ?
Истото се очекува и од мажот
Имаше во мојот живот презгодни фраери, кои како пеперутка траеја едно лето. Некои од нив ми се пуштаа со месеци, и немаа добиено ни бакнеж. Тие беа убави, но беа шупливи во главите. Што ќе ми е некој таков?
Не се споредувајте , туку растете
Имаше и такви кои ми беа привлечни , но брзо губев интерес за нив, затоа што освен приказните за теретаната, автомобилите и каде ќе заглави следниот викенд, тие немаат ништо да понудат. Колку и да се секси, тоа не може да трае, бидејќи јас сум жена која сака човек кој и парира, кој ја предизвикува, и со кој можеш да водиш филозофски дискусии долго во ноќта, еднакво страстни како кога се води љубов. Човек со кого обичните животни работи се интересни и забавни . Кој чита и го храни својот
ум и душа, еднакво како и своето тело. За среќа, знам дека постојат такви луѓе, затоа што еден целосно ми го промени светот.
И затоа, драги мои, не споредувајте се туку растете. Градете го она одвнатре со еднаков интензитет , ако не и повеќе, од надворешното. На крајот од денот, нема да му станете мила поради десетте слоеви на шминка и кратките мини сукњи туку поради вашата душа, умот и рацете кои гушкаат , инспирираат , знаат да го насмеат , кои го чинат вашиот дом.
Бидејќи ние на оној што ќе го одбереме и со кој сме – сме му неговиот дом. Рај во кој се враќа кога светот ќе го исцрпи. Ова засолниште можеби не е секогаш “совршено”, но без гајле , доколку во него се чувствувате безбедни и безусловно сакани тогаш е е сосем доволно.
Читателка