Хороскопски знаци на кои сексот не им излегува од глава

loading...

Сексот е важен дел од нивниот живот, кој ги тера на постојани предизвици и поголема потрага за нешто ново и возбудливо. Тие не се срамат да признаат дека сексот им е поважен од се во животот, тие ќе заведат кого и да посакаат бидејќи баш никој не може да им одолее.

А, ако се уште се прашувате со кого вечерва ќе завршите во кревет, одговорот е со еден од овие знаци:

1. Овен

Овенот е жежок и наклонет кон сексуални авантури, и никогаш не размислува двапати кога во прашање е сексот. Поради својата импулсивна и страствена природа, тој е тој кој ќе ја презеде иницијативата, без разлика дали се работи за возбудлив секс во јавност или оној во спалната соба. Овенот има бескрајни сексуални апетити и постојана желба, а во креветот не се плаши од ништо. Една лоша страна на Овенот е што се пали брзо, но брзо и се гаси. Така што, ако сакате интензивен, но краток секс, Овенот е ваш соврешен тип.

2. Лав

Лавот е можеби крал на џунглата, но воедно е и крал во спалната соба. Тој секогаш е подготвен да преземе иницијатива кога се работи за работи кои се случуваат во жешкиот кревет. Искрено, ним не им е тешко некого да заведат, само ја покажуваат нивната природна харизма и пред да сфатите воопшто, целата ваша облека ќе се најде на подот. Единствена работа која треба да ја чувате кога сте со Лавот е неговто злогласно его. Тие се среќни кога иницираат секс, но очекуваат да ги обожавате кога ќе почнат работите во креветот.

3. Скорпија

За скорпиите често може да се чуе дека го претставуваат сексот, а често одат од крајност во крајнот, или ќе имаат неколку партнери оддеднаш или во потполност ќе бидат опседнати со една личност. Сексот е важен дел од нивниот живот, кој ги тера на предизвици и постојана потрага по нешто ново и возбудливо. Скорпиите заведуваат со секој свој збор и гест, бидејќи ништо не е посекси од самодовербата, а Скорпијата ја има на тони.

4. Стрелец

Кога се во прашање Стрелците, нивното либидо никогаш не е задоволено. Нив ги викаат „диви деца“ на хороскопот, бидејќи тие сакаат да бидат слободни и да ги задоволуваат своите желби на разни начини. Токму поради тоа, овој знак сака да има неколку опции. За нивното диво срце, секој ден е нова причина за истражување и свежи искуства. Тие тежнеат за возбудување и истражување и среќни се кога иницираат секс. Тие секое ново сексуално искуство го третираат како авантура и возбудени се кога испробуваат нови работи.

Translate »