Силно невреме го зафати Скопје
Главниот град и околината се зафатени од невреме проследено со дожд, силен ветер, град и грмотевици. На места врнеше и град.
Ветерот достигнува повремено брзина и над 80 киломери на час соопштија од УМХР, а нестабилното време се движи од запад кон исток и на север кое пак попладне ќе оди кон исток.
Попладне процесите ќе бидат поинтензивни и локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
До среда условите за нестабилност ќе има претежно во западните делови, но тие ќе бидат намалени. Од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Утре ќе биде малку посвежо, а потоа до среда дневните температури ќе бидат во пораст. Од четврток повторно ќе биде посвежо.