Мохито коктел. На здравје!
Разладете се со Мохито коктел
Лимунот и лиметата ставете ги во вода со сода да постојат 15минути.
Исплакнете добро и пресечете.
Коцките мраз поделете ги.
Неколку ставете во апаратот за коктели, а неколку дирекно во чашата во која ќе сервирате.
Нането истотака поделете го. Малку за декорација, а другиот дел за составот на коктелот. Исецкајте го и помешајте го со мразот во чашата.
Додадете вотка, спрајт или газирана вода, па потоа и сокот од лимета и лимон. Истресете добро, наполнете ја чашата во која ставивте коцки мраз и нане. Декорирајте со парчиња на лимета и лимон.