Заев: Нема веќе ФИРОМ, договореното ново име е Република Северна Македонија

Договореното ново  име за севкупна употреба е Република Северна Македонија. Националноста е македонска,  јазикот македонски., рече премиерот Заев на прес конференцијата.

Поточно договорот предвидува потврда на македонскиот јазик во ОН – македонски, macedonian, без фуснота. Нациоанлноста : македонска/граѓани на Република Северна Македонија и соодветно на англиски јазик.

Мегу двете страни веќе нема спор и нема пречки за членство за НАТО, истакна  Заев. Тој очекува грчката страна да ја извести и ЕУ така што ќе бидат отстранети пречки за датум за преговори за членство во Унијата.

Наесен ќе биде распишан и реферндум на кој македонските граѓани ќе се изјаснат за новото име.

Со договорот, рече Заев, еднаш засекогаш се потврдува и зајакнува македонскиот етнички и културен идентитет, македонскиот јазик, македонската националност.

Договорот, како што рече ќе биде презентиран пред сите релевантни политички субјекти во државата, потпишан од претставниците на двете влади, по што следува ратификацијата во Собранието.

Translate »