Какво ќе биде времето денес?
Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло, претпладне со сончеви периоди, попладне со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во југозападните делови повремено засилен западен ветер. Минималните температури ќе се движат од 12 до 16 степени, а максималните од 19 до 28 степени.
Во Скопје претпладне ќе има делумно намалена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер, со температура од 15 до 25 степени.
И в сабота попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи. Од недела ќе биде посончево, претежно стабилно и топло.