Миле Јанакиевски бара од Судот автентичност на бомбите
Со читање на материјалните докази предложени од Специјалното јавно обвинителство денеска продолжи судењето за случајот „Т.Н.Т“ за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.
Обвинетиот Миле Јанакиески доставил до Судот барање за автентичноста на материјалите кои произлегуваат од телефонските разговори.
Одбраната предложи Судот да провери и СЈО да ја извести другата страна во постапката дали и доказите што се изведуваат се оригинални.
Обвинителите од СЈО информира дека сите докази кои денес ќе се читаат се оригинали.
Адвокатите побараа Судот да им дозволи да ги разгледаат доказите за да дадат согласност кои од нив да бидат читани, бидејќи СЈО доставило преку сто дополнителни докази кои одбраната ги има добиено.
Меѓу обвинетите за уривањето на „Космос“ се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.