Дали во лето, на високи температури и сонце може да се садат растенија и уредуваат дворови?
Иако традиционално пролетта и есента се најповолни периоди за садење. Сепак и летото е докажано време за успешно садење и пресадување!
Можеби се прашувате како?
Едноставно набавете растенија одгледани во саксија (конејнерски), добро вкоренети со добро развиен густ компактен корен. Практично кога ќе го повлечете растението од саксијата коренот да илезе како калап, компактен со видливи коренчиња околу бусенот* Тоа е знак за квалитетно одгледано – погодно растение за добар старт.
Бусенот (коренот со земјата ) не го растурајте. Внимателно поставете го во претходно ископаната дупка, вратете ја ископаната почва и обилно полејте.
Контејнерските растенија имаат повеќе предности:
- Може да се садат, скоро преку целата година;
- Растенијата се прифаќаат во висок процент над 95%;
- Стресниот период не постои или пак е многу кус;
- Растенијата побрзо и подобро се развиваат во новата средина;
- Пејзажното уредување на инстант градини со големи солитерни дрвја или веќе пораснати грмушки е нај успешно се контејнерски растенија;
- Заштедувате време.
Повелете во градинарскиот центар Фоја каде што ќе најдете широк асортиман на контејнерски растенија, одгледани во саксија подготвени за успешно летно садење. Повеќе од 500-тини различни видови (од цветен расад до дрвја).