Ибраими: Не примам наредби на 63 години

loading...

Поранешните членови на ДИК, Виолета Дума, Борис Кондарко, Субхи Јакупи и Васил Крстев, на предлог на СЈО на следното судско рочиште ќе сведочат за случајот „Титаник 2″. Обвинетиот поранешен член на ДИК, Бедредин Ибраими, пред судот рече дека служел војска и му дале плико затворено со наредба да не го отвора бидејќи било тајна.

Потоа добил признание дека тешко прима наредби, за да го оспори обвинението на СЈО, дека по наредба на Мендух Тачи гласал за поништување на гласањето на едно избирачко место во Струмица. Тој рече дека имал факултет и 2 деца и било нелогично да се мисли дека на 63 години прима наредби.

Претходно беше пуштен снимен аудиоматеријал од седницата на ДИК, кога еден час се натегале членовите на ДИК за приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на гласачкото место 1727.

Мендух Тачи реагираше дека немал превод на албански јазик на транскриптот. Следното рочиште е закажано за 23 август. (Макфакс)

Translate »