Русите спремаат југословенско сценарио за Велика Британија!
Портпаролот на руската амбасада во Лондон изјави дека Британците упорно се трудат да создадат „токсична атмосфера“ околу амбасадата на Русија со тоа што во тамошните медиуми секојдневно се пласираат натписи во кои руските дипломати се обвинуваат за шпионажа.
Од руската амбасада така им одговорија на новинарите на „Дејли Мирор“ за тврдењата на овој медиум за наводната активност на руски шпиони на територијата на Велика Британија.
„За жал повторно сме сведоци на подемот на шпионската манија во британското општество. Редовното објавување на ваквите вести, со одобрение на владата, покажува дека конзервативната влада останува при обидите да создаде токсична атмосфера околу нашата амбасада“, изјави дипломат од руската амбасада во Лондон.
Според него, патувањата на вработените во амбасадата, што, како што вели, е сосема нормален, легален и потребен дел од дипломатскиот живот и работа, во британското општество се гледаат како зголемени шпионски активности, пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.
„Дејли Мирор“ инаку пренесува дека британските специјални служби се во состојба на зголемена готовност поради сузбивање на наводни руски шпионски активности. Покрај тоа, се тврди дека британските разузнавачки и воени служби го следат движењето на вработените во руската амбасада.
„Типично е таквите информации да се појавуваат само во британските медиуми. Тоа е позната шема. Авторите не даваат никакви докази за тврдењата. Нема потреба да ве потсетуваме дека таков пристап доведе до слични ситуации во Југославија, Ирак, Либија, па дури и во Солсбери“, соопштија од руската амбасада во Велика Британија