Извлечени групите за Лигата на шампиони! Кој со кого ќе игра?

Денеска беа извлечени групите за Лигата на шампионите, Динамо Загреб и Црвена звезда се избегнаа, добија атрактивни противници но нема да имаат меѓусбен дуел.

Елиф Елмас своето деби во Лигата на шампионите ќе го има во група со актуелниот првак Ливерпул, во групата се уште и Салцбург и Генк. Аријан Адеми и Динамо Загреб како најјак во својата група го имаат Манчестер Сити, а сигурно ќе можат да се надигруваат со Шахтар и Аталанта. Црвена звезда оваа сезона во својата група го има Баерн Минхен и актуелниот вицешампион Тотнем, во групата е и Олимпијакос. 

Група А1. ПСЖ2. Реал Мадрид3. Клуб Бриж4. Галатасарај 

Група Б1. Баерн Минхен2. Тотнем3. Олимпијакос4. Црвена звезда Група

Ц1. Манчестер Сити2. Шахтар3. Динамо Загреб4. Аталанта Група

Д1. Јувентус2. Атлетико Мадрид3. Баер Леверкузен4. Локомотив Москва Група

Е1. Ливерпул2. Наполи3. Салцбург4. Генк Група

Ф1. Барселона2. Борусија Дортмунд3. Интер4. Славија Прага Група

Г1. Зенит2. Бенфика3. Лион4. Лајпциг Група

Х1. Челси2. Ајакс3. Валенсија4. Лил

Translate »