Македонија во очекување на поканата за НАТО, но како ќе не наречат во формулацијата?!

На денешниот самит на НАТО во Брисел се очекува одлуката за поканаа за членство на Македонија  во НАТО. Одлуката најверојатно ќе биде донесена во попладневните часови, а утре и формално  Генералниот секретар на НАТО ќе му ја соопшти на премиерот Заев. По поканата треба да започнат  мини преговорите со Алијансата кои ќе трајат до крајот на годинава, а напоредно со овој процес ќе се спроведуваат и обврските преземени со Договорот од Преспа. По ова ќе следи ратификација на договорот од страна на земјите членки на Алијансата.

Дипломатските извори од НАТО  за Ројтерс посочуваат  дека во формулацијата на поканата најверојатно нема да се спомене името на земјата, како што е вообичаено, туку наместо Македонија ќе стои  дека ќе биде поканета ” Владата во Скопje”. 

Вчера Столтенберг порача дека кога договорот ќе биде финализиран и имплементиран, НАТО  ќе може да ја покани поранешната југословенска Република Македонија да стане 30 членка на НАТО под нејзиното ново име, Република Северна Македонија.

“Ова е сигнал дека портата на НАТО е и ќе остане отворена“, изјави Столтенберг.

Во Брисел од вчера се и министерката за одбрана Радмила Шекеринска и националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, а денеска на овој владин тим му се придружуваат и премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

 

Translate »