На снимката се гледа како нуркачите на носилка ги провлекуваат момчињата низ тесните тунели, внимавајќи на нивната безбедност.

Секое момче има нуркачка маска и за неа се грижат двајца спасувачи, од кои едниот му ја носи боцата со кислород.

После минување на страшниот тунел од камени ѕидови, спасувачите стигнуваат и до најопасниот дел на пештерата кој е тесен 45 сантиметри.