Шарапова ја “уловија” со момчето во опуштена атмосфера
Руската тенисерка Марија Шарапова не успеа да се сокрие од папараците кои ја „уловија“ заедно со нејзиното момче во експлицитни пози. Сексапилната Русинка и милионерот Александар Гилкес одмараат во луксузното летувалиште на брегот во Италија.
Парот е во врска од јануари оваа година. Инаку, Гилкес е син на познат дерматолог чии пациенти се доста славни личности. Тој исто така е еден од основачите на аукциска куќа која се занимава со продажба на ликовни дела преку интернет.