Која е Колинда претседателката на Хрватска?Израсната на село, на 17 години оди во САД…
Таа посебно се прослави со својата скромност и човечност кои ги покажа на Светското првенство во Русија, каде отпатува со авион во економска класа.
Колинда пораснала во село и никогаш не сонувала да биде водач на држава, а денес таа е помеѓу омилените политичари во светот.
Родена е во Риека и детството го поминала во соседно село на ранч, а кога била мала посакувала да стане стјуардеса.
На 17 години, оди да учи во САД, а откако се враќа продолжува да студира на Факултетот за политички науки во Загреб
Пред да стане претседател, била Министер за надворешни и европски прашања, Амбасадор во САД и Помошник генерален секретар на НАТО за јавна дипломатија.
На 46 години, Колинда станува прва жена претседател во историјата на земјата и најмлад лидер
Претседателката е среќно омажена, има две деца – Лука и Катарина
Во медиумите вирално се проширија лажни фотки од неа во бикини, кои всушност се од моделот Коко Остин, но тоа не го наруши нејзиниот имиџ
Колинда зборува течно англиски, шпански и португалски, а знае по малку италијански, француски и германски
Во 2017-та магазинот Форбс ја вклучи во листата на највлијателни жени во светот
На официјални средби со светски лидери, Колинда им дава дресови од хрватскиот национален тим, но со нивното име/презиме
Хрватите ја нарекуваат народен претседател, бидејќи може да се забележи како се вози во јавен превоз, пазари и јаде во кантини заедно со граѓаните
На Светско 2018 во Русија леташе со економска класа, цело време носеше маица со национални симболи и првите натпревари ги следеше заедно со обичните фанови на трибините
Иако Хрватите не ја освоија титулата, претседателот им честиташе на француските играчи, им се заблагодари на сите хрватски играчи и ги бодреше со цело срце
Ни силниот дожд на церемонијата не можеше да ја сокрие бурата од емоции која ја доживуваше на церемонијата на Светско