Пронајдени остатоците од праисториските Ромео и Јулија
Гроб стар 5.000 години е пронајден во подрачјето на Караганда во Казахстан, а во него се погребани праисториски Ромео и Јулија.
Во непосредна близина на древниот љубовен пар, погребани се и два коња, кои како што веруваат археолозите, биде жртвувани.
Покрај посмртните останки на мажот се наоѓаат праисториски метален нож и врв од стрела, а веднаш покрај него во истата положба е пронајден скелет на жена погребана со накит, вклучително и женска алка украсена со скапоцени камења, пренесува Дејли Меил.
Археологот Игор Кукушкин вели дека постојат некои непознати работи во врска со односот, но и смртта на погребаниот пар. Вели дека таков заеднички погреб бил реткост во таа област.
Непознато е дали биде маж и жена или е одлучено да бидат погребани како љубовници по смртта бидејќи починале во краток временски интервал.
Досегашните истражувања покажале дека нема траги на насилство, но утврдено е и дека коњите биле убиени.