Од силниот земјотрес што ги погоди Бали и Ломбок загинаа најмалку 32 лица

Најмалку три лица загинаа во  земјотресот кој ги погоди индонезиските острови, Бали и Ломбок.

Началникот на северниот дел на Ломбок, Најмул Акајар, изјавил дека по потресот во овој регион снемало струја и дека првично не може прецизно да ја оцени целокупната ситуација, иако ја пренел информацијата дека загинале најмалку три лица, јавува АП.

По земјотресот, е издадено и предупредување за можно цунами, кое потоа е повлечено. Мали бранови со висина до 20 сантиметри се регистрирани во три крајбрежни села. Властите велат дека аеродромите на двата острова работат нормално и покрај малите материјални штети, пренесе „Ројтерс“.

„Двата аеродрома функционираат нормално, а во моментов ги расчистуваме минималните штети. Некаде се паднати помали делови од таванот, но никој не е повреден“- изјавил Хенди Херјудитиаван, претставник на компанијата која управува со аеродромите.

Земјотресот накратко предизвика паника меѓу туристите и жителите на островот.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 15 километри во близина на северниот брег на Ломбок, каде што пред една недела е регистриран земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала.

Translate »