Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер го погоди  Молизе, популарниот туристички регион  во јужна Италија.

Потресот бил во близина на Монтелчифоне на длабочина од 10 километри и направи помала материјална штета. Распукале неколку куќи, има оштетени тераси.

Земјотересот предизвила паника  кај населението,а едно дете се повредило кога во страв скокнало од тераса, пренесува АП.

Според податоците на италијанскиот сеизмолошки завод тој регион за само неколку часа бил погоден од 9 земјотреси од кои најсилниот бил 5,1 степен, додека останатите биле со јачина од околу 4 степени.