Вработените во “Гугл” протестираат против создавање на кинески пребарувач

loading...

Повеќе од 1.000 вработени во американската компанија „Гугл“ потпишаа протестно писмо поради мистериозниот план на раководството на компанијата за создавање пребарувач што ќе биде во согласност со кинеските правила за цензура.

 

Вработените во писмото бараат од директорите на „Гугл“ уште еднаш да го разгледаат кодексот за етика и транспарентност до кој се придржува компанијата.

Во писмото стои дека вработените не ги добиваат информациите што им се потребни за да донесат етички одлуки во врска со работата и се изразува незадоволство што повеќе од вработените за ваквиот проект наречен „Драгонфлај“, дознале од медиумите.

Содржината на писмото била потврдена од неименуван службеник на „Гугл“, кој бил еден од организаторите на потпишувањето.

Слично писмо неодамна беше потпишано од илјадници вработени во „Гугл“ во знак на протест против проектот „Мавен“, договор склучен за изработка на системи со вештачка ителигенција за американската војска, кој компанијата во јуни одлучи да не го обновува.

 

Translate »