Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ благовремено ќе ја информира јавноста за нејзиниот став за референдумот

ВМРО-ДПМНЕ благовремено ќе ја информира јавноста за нејзиниот став за референдумот, рече  лидерот најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски во изјава за телевизија Телма. Додаде дека промовираат нов пристап на политички волонтеризам.„Не станува збор ниту за страв, ниту за желба, ниту за купување време. Ова е текс на договор на документ со кој што граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ треба да живее во оваа држава која се уште се вика Република Македонија и се надеваме дека така и ќе остане да се вика и во иднина. дали сакаме или не сакаме, ова не е желба на Христијан, на Зоран или на некој друг, ова е одлука со која граѓаните на Македонија и идните генерации ќе треба да живеат со неа“, вели Мицкоски.

Ќе бидат консултирани сите во ВМРО-ДПМНЕ, продолжува Мицкоски, Централниот комитет, Извршниот комитет и останатата партиска структура заедно со истражувањето на јавното мислење, партијата ќе ја оформи својата одлука. Мицкоски исто така повика да не се толкуваат погрешно овие консултации кои партијата ги прави со јавноста, затоа што, како што вели, ВМРО-ДПМНЕ е партија која што својот легитимитет го црпи исклучиво од народот и заедно со народот ќе донесе конечна одлука како понатаму ќе продолжи, подвлече Мицкоски.

Translate »