Со багери сакале да газат активисти на Водно
Багери сакале да газат активисти кои забрануваат да се уништува природата со градење на гасоводот на Водно.
По овој повод, на Фејсбук се огласи и Димитар Апасиев од Левица, кој повика доколку имало доброволци, да се упатат накај Водно.
-Горе на Водно се случува вистинска драма. Багерите утрово тргнале да ги газат активистите кои со жив штит ја бранат планината! (меѓу нив е и Игор Смилев, познатиот велешки екологист кој е најзаслужен за затворањето на “Топилница”). Повикана е полиција, но изведувачот на работите се заканува со приватни батки да ги тепа планинарите. Потребно е физичко присуство на лице-место! Ако има доброволци, нека се упатат веднаш накај “местото на злосторството”-напиша Апасиев.
Видеото од Фејсбук групата Скопје сака чист воздух се прошири на социјалната мрежина со неверојатна брзина.