Постојат три законски опции за Груевски

Три законски опции има Апелациониот суд кој одлучува  за кривичното дело во кое е обвинет поранешниот премиер Никола Груевски. Судот денеска го одби барањето на неговата одбрана да се изземе специјалната обвинителка Катица Јанева. Правниците коментираат дека ако Апелација ја потврди пресудата од првостепениот суд, тогаш Груевски треба да оди во затвор и не може да се жали. Ако ја укине, одлучувањето ќе се врати на повторно разгледување во првостепениот суд. Има и трета опција, односно Апелацискиот суд може да ја преиначи одлуката односно може да ја намали должината на затворската казна. Но тука има и други „кваки“ затоа што ако казната е под една година нема право на вонреден правен лек.

Доколку Апелација ја потврди пресудата, тој нема право на жалба, но постојат вонредни правни лекови, односно осудениот има право да побара одлагање на казната, но само ако постојат оправдани и нразбирливи причини за тоа. Доколку Апелациоиот суд ја укине пресудата, има голема веројатност предметот да застари. Адвокатите објаснуваат дека одлуката што ќе ја донесе Апелациониот суд е извршна, но не и конечна. Одбраната сигурно потоа ќе бара вонредно преиспитување на правосилната пресуда.

Груевски вчера истакна дека очекува одлуката на судот да биде казна затвор помалку од една година, за тој да нема право на жалба во Врховен суд и да биде затворен пред одржувањето на референдумот на 30 септември.Factor.mk

Translate »