Ќерката и признала на полицијата зошто го нарачала убиството на нејзиното семејство

Најстарата ќерка на семејството Поцеста, Блерта Поцеста која е главна осомничена за тројното убиство какво што Македонија не памети, а кое стигна и до светските медиуми, веќе разговарала со полицијата, која и одреди 30. дневен притвор, заедно со двајцата помагачи.

Блерта како што пишува Коха на албански, рекла дека сакала да се омажи за Италијанец, но не и било дозволено и дека тоа било мотив за убиството, кое како што вели го организирала, но не го извршила таа.

Блерта си ги уби мајката, таткоти и помалата сестра, а потоа замина во Италија, од каде по јавеното убиство се врати и плачеше за семејството.

Translate »