Ќерката на Димитров добила стипендија од 40 000 евра, Министерот е згрозен од јавното изложување на ќерката

На 4-ти Август 2017-та година тогашната министерка за образование Рената Дескоска, со решение број 14-9573/1 формирала комисија за доделување на стипендии за додипломски студии во странство објави порталот ,,magazin.mk,,

Според порталот веднаш, истиот ден (петок) комисијата се состанува и итно одлучила по барањето на Јана Димитрова, ќерка на тогашниот и сеуште актуелен министер за надворешни работи Никола Димитров, да и додели стипендија за студии во Холандија во висина од 40.000 долари.

Министерката Дескоска вели дека нема ништо спорно во доделувањето на средствата, оти сите пријавени стипендисти кои се запишале на факултет биле од првите 100 на Шангајската листа.
Се огласи и министерот Димитров:
,,Пред се’, сакам јавно да и’ се извинам на ќерка ми, за грозните пораки што ги добила и за јавното изложување што го предизвикала единствено затоа што е одговорна и способна. Затоа што успеа да се запише на еден од најдобрите универзитети во светот. Гордост моја! Ударите за мојот политички ангажман упатете ги кон мене.

СИТЕ студенти кои 1) се запишале на еден од првите 100 универзитети рангирани на Шангајската листа 2) во област наведена во повикот, БЕЗ СЕЛЕКЦИЈА, БЕЗ ИСКЛУЧОК, добиле стипендија.

Програмата е воведена од претходната влада.

Во 2017, немало ниту доволно кандидати. Со други зборови, НИКОЈ не одлучувал дали ќерка ми или некој друг кандидат ќе добие стипендија. Сите кои ги исполниле условите добиле стипендија. Јавно повикувам да се објават имињата на сите студенти кои добиле ваква стипендија во изминатите години, од воведувањето на програмата.

Згрозен сум од вовлекувањето на моето семејство со очигледни политички мотиви во време кога не’ чека историска одлука.

Од порталот се сомневаат  дека наводно брзањето на комисијата да ја донесе одлуката за стипендија е на само два дена пред распишувањето на локалните избори на 6-ти Август 2017-та, кога настапува и забраната за исплата на буџетски средства според член 8-а од изборниот Законик.

За буџетски исплати во овој забранет рок, за потсетување, кривично се одговара.

 

Со комисијата наводно претседавала Маринела Маричиќ Тушева, поранешна пратеничка од СДСМ и сопруга на првиот советник на Заев за надворешна политика,и Бојан Маричиќ, кој има многу блиска соработка со министерот Димитров по однос на состаувањето и склучувањето на Договорот со Грција потпишан во Нивици/Псаридес.

Комисијата не работела во полн состав, односно отсуствувал претседателот на комисијата Бардуљ Туши.

 

Јана Димитрова има 18 години и е најстарото од трите деца на Димитров.

 

 

 

Translate »