Заев: 400 компании ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17,2 милиони евра

Со плановите за кроењето на буџетот за следната година премиерот Заев најави финансиска помош од 17, милиони евра наменета 400 компании. Оваа финансика инекција за бизнис секторот е во рамките на мерката за зајакнување на конкурентноста на домашните компании.

„400 компании ќе добијат финансиска поддршка во износ од 17,2 милиони евра, како дел од мерката за зајакнување на конкурентноста.

Целта на оваа економска мерка е зголемување на продуктивноста на компаниите, модернизација на процесите, подобрување на конкурентноста, а со тоа и отворање на нови работни места и задржување на постојните“.

Бизнис заедницата ја поздравува секоја мерка која е насочена кон помош и подршка на домашните компании кои би значеле задржување на работните места и продолжување со работа. Овие средства ги оценија како козметичка помош и сметаат дека во пост корона периодот на економско закрепнување ќе треба да се следат и заеднички да се дизајнираат мерките за поддршка ако е целта да се постигне раст на економијата.

Иако во своите изјави речиси сите претставници на власта го карактеризираат земјоделството заедно со прехранбената индустрија како едно од трите клучни сектори кои најмногу ќе помогнат во економскиот раст сепак целата поддршка на овој важен сектор останува на предвидените годишни субвенции и начинот како тие пари ќе се делат без најави засега за дополнителни мерки во некој од пакетите за поддршка

Досегашните владини економски мерки во време на пандемија се насочени кон намалување на загубите и запирање на падот додека за сериозно да се зголеми конкурентноста која би значела и освојување на нови пазари според бизнис заедницата потребни се посериозни и поконкретни инвестициони мерки.

Translate »