Двајца новинари избодени со нож

Двајца дански новинари на „Национална географија“ (National geographic) се избодени во Либрвил, главниот град на Габон.Еден од повредените новинари е во критична здравствена состојба.

Според очевидци на инцидентот, мажот кој ги нападнал извикал „Алах акбар“, а на полицијата им кажал дека бил мотивиран од нападите на САД против муслиманите и нивното признавање на Ерусалим како главен град на Израел.

Напаѓачот, кој е идентификуван како 53-годишен Нигериец, кој живее во Габон, е уапсен.

Translate »