Протест за заштита на животните
Активистите и љубителите на животни за денеска во 13 часот најавија протест пред Собранието на Република Македонија со цел да се привлече вниманието на надлежните институции и широката јавност за нехуманиот третман кон животните.
Активистите велат дека ќе побараат од Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство најстроги казни за сопствениците кои поттикнуваат агресија кај кучињата како и создавање регистар за луѓе кои се инволвирани во борби со живот.