Бранко Илевски е првиот македонски новинар чиј глас ќе се слушне на каналот Спортклуб
Спортклуб воведе македонски коментатор за натпреварите на Македонија во Лигата на нации, објави порталот АКО.мк, Прв натпревар со коментар на македонски јазик е неделниот меѓу Македонија и Ерменија од 18 часот на Спортклуб 1, а од оваа година и прeносите од Лигата на Шампиони и Лига Европа ќе одат преку Max TV на Македонски Телеком.
Еден од водечките специјализирани спортски канали, Спортклуб реши за прв пат да вклучи коментатор од Македонија за натпреварите во Лигата на нации, ново натпреварување на УЕФА преку кое Македонија се надева на пласман на ЕП 2020 год.
Спортклуб го избра Бранко Илиевски, долгогодишен спортски новинар и коментатор препознатлив со својот глас и коментирање на натпреварите од „Серија А“ во времето кога ТВ Телма емитуваше натревари од оваа лига.
Бранко Илиевски има долгогодишно искуство и важи главно за „фудбалски “ коментатор со над 2500 преноси.
Илиевски беше заштитен знак на ТВ Телма и калчо лигата и ќе биде прв коментатор од Македонија, чиј глас ке се слушне на престижниот Спортклуб, кој емитува сигнал на просторите на поранешна Југославија. Прв натпревар кој ке го коментира Илиевски е неделниот меѓу Македонија и Ерменија од 18 часот на Спортклуб 1.