Викиликс: Кои биле црвените линии на Глигоров за името?
Извештајот, кој го објавува Викиликс датира од 5 ноември, и е со наслов: Глигоров бара храбро лидерство и решение на спорот за името.
Документ за спорот со името објавува Викиликс, а го пренесува грчкиот весник Та Неа. Се работи за извештајот од средбата што ја имале поранешниот македонски претседател, Киро Глигоров и американскиот амбасадор Филип Рикер, кој на 3-ти ноември 2008-ма дошол да го посети Глигоров.
На средбата, Глигоров, иако во својата 91-ва година од животот, ја коментирал тогашната политичка ситуација во Македонија и неговите ставови за иднината. Разочаран бил од тогашната власт на која, според него, и недостига храброст што се однесува за напорите да се затвори проблемот што Грција го има со името на нашата земја. Според Глигоров, тогашната власт постојано се крие зад волјата на народот, наместо да води и да ја турка земјата кон позитивни промени.