Промовирана новата мобилна апликација на Рамсторe

Денес,  официјално беше промовирана новата мобилна апликација на Рамсторe која е веќе во функција и достапна за нивните потрошувачи.

Присутните посетители и новинари ја имаа ексклузивната можност да ја испробаат апликацијата и сите можности кои истата ги нуди, а реакциите беа видливо позитивни. Мобилната апликација која сите граѓани веќе можат да ја симнат преку App Store (за корисниците на iPhone) и Google Plаy (за корисниците на Android) е навистина функционална и едноставна за користење, а потрошувачите ќе имаат јасен преглед на понудите во Рамсторе Супермаркетите и олеснето шопинг искуство прилагодено на нивните индивидуални потреби, рече Горан Џугоманов, ИТ Менаџер на Рамсторе Македонија.

 

Исто така тој додаде дека, со едноставно најавување преку Рамсторе Клуб картичката, корисниците имаат можност да бидат известени за актуелните кориснички кампањи, да ги споредат трошењата и заштедите, како и да имаат увид во деталите од  поените кои ги имаат на Клуб картичката. Ова се погодностите кои Рамсторе мобилната апликација ги нуди:

Мои поени и попусти  (Вклучително и преглед на последниот датум за употреба на поени)

  • Вкупен Попуст
  • Искористен Бонус
  • Мои поени – Мои преостанати поени
  • Мои заштеди – Мои трошења

Историја на купување:

  • Дистибуција на трошоци
  • Историја на пазарување

Известувања

  • Известувања за промоции, попусти итн.

Најблизок Рамсторе

  • Адреса на маркети; Телефонски број од секој маркет
  • Прикажување на мапа и одредување на оддалеченост од најблискиот Рамсторе Супермаркет

На лансирањето на апликацијата се обрати и генералниот директор на Рамсторе Македонија Ајхан Узун, еден од главните иницијатори за реализација на овој проект:

„Како Рамсторе, се стремиме да бидеме онаму каде што се нашите клиенти и потенцијални клиенти, а нашиот иновативен и лидерски идентитет благодарение на кој во голема мера се издвојуваме од нашите конкуренти, придонесе за зацврстување на покривот на нашата корпоративна маркетинг кампања во Македонија која ја сочинуваат Рамсторе Клуб картичката и апликацијата денар поен.

Нашата програма за лојалност Рамсторе клуб картичка,  продолжува да биде еден чекор понапред од имитациите преку својата пријателска ориентираност кон потрошувачите, благодарение на својот слоган  “проста математика”  при употреба и при трошење, што претставува индикатор за нашата водечка положба во малопродажниот сектор на Македонија.

Оваа лидерска позиција ја унапредивме со воведувањето на новата Рамсторе мобилна апликација која веќе е ставена во употреба и е презентирана на потрошувачите.

За нас, нашите потрошувачи се секогаш на прво место и се радувам што отсега можеме да им пружиме уште подобро искуство при купувањето, но и да им помогнеме организирано да заштедат а истовремено да ги добијат најквалитетните производи кои ги нудат Рамстор Супермаркетите. Топло ја препорачувам на сите наши верни потрошувачи.“

Во малопродажниот сектор на Македонија, Рамсторе Супермаркетите се присутни подолго од 13 години и за целиот овој период фокусот секогаш е насочен кон надминување на потребите и очекувањата на клиентите,  и затоа секогаш ги нуди најдобрите и најповолните услуги. Накратко, целта на Рамсторе е да биде најдобриот малопродажен ланец на маркети во Македонија и чекори со сигурни чекори кон оваа цел.

Во однос на инвестицискиот план со новоотворените 6 маркети минатата година инвестирани се 1 милион евра и 100 нови вработувања, со што се продолжува поддршката и вербата во македонската економија. Двоцифренот раст во последните 3 години ќе продолжи и во наредниот период како и следењето на новите можности за набавки во секторот, а воедно ќе продолжат и инвестициите со цел клиентите на Рамсторе да го добијат најдоброто.

Она што е важно е дека главниот фокус на компанијата во последните 3 години, односно ВИЗИЈАТА на Рамсторе е да биде малопродажна компанија која има за цел да оствари профитабилен раст превземајќи активности чувтствителни кон општеството и околината, преку својот пристап кој ја опфаќа целата нација и дава придонес кон своите соработници и државната економија, а во насока на оваа МИСИЈА се стреми да овозможи  уникатно искуство за купување преку спојување на ценовната структура која се заснона на придонесувањето кон семејниот буџет со разновидноста на производите и квалитетната услуга.

Translate »