ВИДЕО: Пандев немилосрден кон Интер – нов гол на Гранде Пандев во Серија А

Пандев е посебно мотивиран кога игра против своите поранешни екипи. Струмичанецот погоди во победата над  Лацио пред две недели, а вечерва беше немилосрден и против екипата со која стана европски и светски првак, Интер.

Капитенот на македонската репрезентација постигна гол за 2-0 на „Луиџи Ферарис“, откако во 59. минута прими една топка од Лаксалт и со левата нога го матираше Хандановиќ. Овој гол е трет за Македонецот во сезонава.

 

Translate »