Родителите го нашле мртвото тело на синот во тоалетот
Дваесет и шестгодишно момче со иницијали М.Т. било пронајдено мртво во тоалетот во сопствената куќа на улицата Васка Калајџиска од Неготино.
Момчето го пронашле родителите.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.