Тригодишно дете и неговите баба и дедо се прегазени на пешачки во Аеродром

Изминатата вечер се случи тешка сообраќајна несреќа во која тешко се повредени тригодишно дете и неговата баба, дедото поминал со полесни повреди, сведочат случајни минувачи на настанот.

Возило со велешки регистарски таблички удрил во нив на пешачкиот премин на булевар Србија во населба Аеродром.

Пешачкиот се наоѓа пред полициската станица, а заради брзото возење често страдаат пешаци.

,,Детето го вадевме од под автомобилот. Бабата повредена, ја реанимираа на лице место. Детето го однесоа со брза помош веднаш после бабата. Дедото, во бесознание, со тупаници, се удираше по главата и лелекаше. Ве молам, заземете се веднаш, да поставите семафори на тој пешачки премин. Растојанието, од едните до другите семафори, е големо. Да се премине пешачкиот премин на тоа место, е еднакво на добивка 7ца на Лото. Многу деца, одат на училиште од другата страна на булеварот, кон Аеродром, и обратно. Се надевам, дека сериозно ќе го разгледате овој предлог, и ќе го ставите на листата со приоритети“-апелира жителка на овој дел од населбата до градоначалникот Златко Марин.

Досега се напишани неколу петиции од граѓани за обезбедување токму на овој пешачки премин, но залудно.

Translate »