Двајца малолетници силувале 12 годишно дете
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 14 и 16 години, двајцата од Битола за сторени три кривични дела “полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.
На 16/17.04.2018 година Битола на улица “Караорман”, во домот на првопријавениот, истиот извршил обљуба врз 12 годишно дете од Битола.
Во летниот период во 2017 година на паркинг-простор во Битола второпријавениот извршил обљуба врз 12 годишното дете.
Исто така, во февруари 2018 година во Битола, второпријавениот извршил други полови дејствија врз истото дете.