Шеќеринска:Ако за 10 дена не се обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот за уставни измени, тогаш ќе се оди на предвремени парламентарни избори

Ако за десет дена не се обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот за уставни измени, тогаш ќе се оди на предвремени парламентарни избори, кажа денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Владејачкото мнозинство неделава ќе ги почне консултациите со пратениците во Собранието, но доколку не успеат да го обезбедат потребното мнозинство следен чекoр ќе бидат предвремени избори.

„Не може процесот да трае долго. Оваа недела ќе ја почнеме процедурата во Собранието, да видиме дали постојат услови да се обезбеди двотретинско мнозинство. Ќе дадеме од 7 до 10 ден, секој пратеник да донесе лична одлука дали е Македонија да оди во НАТО и Европската унија, ако не, одиме на избори“, рече Шекеринска.

Вицепремиерката Шекеринска рече дека резултатите од референдумот покажеле дека мнозинството од граѓаните односно 91 отсто гласале ’за‘ и тоа е јасна. Оваа бројка е поголема од било кој победник на парлaментарните избори досега. Дури и да излезен над еден милион граѓани повторно јасна ќе беше определбата за европска Македонија. Ова е прашање кое е поголемо од политичките интереси. Пратениците ќе имаат избор од една страна НАТО и ЕУ а од друга страна изолација и неизвесност. Затоа пратениците немаат друга вистинска опција освен да го следат гласот на граѓаните“, рече Шекеринска.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи рече дека ќе настојуваат до крај Собранието да ја донесе одлуката за уставни измени, но доколку во ограничениот период не се обезбеди двотретинско мнозинство тогаш ќе се оди на избори.

Османи рече дека според првичните проценки на референдумот гласале околу 250.000 Aлбанци и дека не биле точни информациите дека Албанците не излегле масовно да гласаат.

Премиерот Зоран Заев вчера како можен датум за предвремени избори го најави 25 ноември.

Translate »