Нобеловата награда за медицина ја добија двајца научници за лекување на смртоносен рак на кожа
Двајцата научници кои открија нов треман во борбата против ракот користејќи го имунолошкиот систем, ја добија Нобеловата награ за медицина за 2018. Откритието на Џејмс Пи Алисон од САД и на Тасуку Хонџо од Јапонија, доведе до лекување за напреден, смртоносен рак на кожа.
„Терапијата со акцент на имунитетот го револуционизираше лекување на ракот“, соопшти Шведската академија.
Експерите велат дека откритието се докажа како „неверојатно ефикасно“.
Алисон, кој е професор на Универзитетот во Текас и Хонџо, професор на Универзитетот Кјото, ќе ја поделат сумата од Нобеловата награда, која изнесува околу 1.01 милиони долари или 870 илјади евра.