Сатанистички текст и симболи и искасапено маче на улица во Драчево!
Секта или умоболно изживување – сатанистички симболи и искасапено маче среде текст со кој се слави сатаната на улица во Драчево!-предупредува Анима мунди.
Здружението за заштита на животни бара итна реакција на надлежните институции.
,,Оваа фотографија е направена утрово во Драчево, која ни ја испратија згрозени и исплашени граѓани на која се гледа раскинато маче – телото на мачето е буквално пресечено на половина – поставено на улица среде сатанистички симболи и латински текст „слава му на сатаната (аd majorem sathanae gloriam ) “ и „врати на пеколот, отворете се (zazas, zazas, nasatanada zazas) “ . Ритуалот е направен на тротоар на автобуската станица во Драчево.
Ваква морбидност до сега немаме сретнато и неопходна е итна полициска истрага за да се фати сторителот! Не знаеме дали станува збор за организиран сатанистички ритуал во Скопје или монструозна игра на некој психопат, но што и да е во прашање сторителот мора да се фати и одговара кривично со најстрога затворска казна за изживување и убиство на животно. Повикуваме СЕКОЈ КОЈ ИМА БИЛО КАКВИ СОЗНАНИЈА за овој случај веднаш пријави во полиција или не контактира нас и помогне во процесот на поднесување пријава“-се вели во соопштението на Анима мунди.
Сите науки кои го толкуваат човекотото однесување укажуваат дека ваква бруталност може да ја стори само садист, психопат и социопат со изразени манијакални способности и како таков не претставува опасност само по животните туку по секое живо суштество. Доколку станува збор за сатанистичка секта феноменот е уште посериозен затоа што тенденциите на сектите се да инволвираат што повеќе животни и/или луѓе како ритуални жртви. Институциите мора да истражат дали на ова место во Драчево имало камери кои можеле да го снимат сторителот и дали има сатанистички секти во Скопје и Македонија. Особено што по објавувањето на оваа фотографија повеќе граѓани не информираат дека истиот текст е виден и на ѕидот на детска градинка во Тафталиџе, како и на ѕид на зграда во центарот на Скопје, велат од здружението.