Тинејџер го гаѓал сенаторот со јајце поради изјавите за муслиманите, а тој му возвратил со силен удар: Морало да реагира и обезбедувањето

Австралискиот сенатор Фрејзер Анинг, припадник на екстремната десница, бил гаѓан со јајце пред телевизиските камери од страна на тинејџер.

Младото момче скршило јајце од неговата глава во знак на протест поради изјавите против муслиманите, по нападот на двете џамии во Нов Зеланд. 

Анинг предизвикал полемика бидејќи нападот каде беа убиени 49 лица, го припишал на програмата за имиграција која “им овозможила на муслиманските фанатици да одат на Нов Зеланд”.

“Треба да бидеме јасни. Ако муслиманите денес се жртви, тие се обично и сторители”, изјавил сенаторот и додал дека “муслиманската религија е едноставно насилна идеологија на еден деспот од шестиот век кој се претворил во верски лидер”.

Embedded video

Henry Belot@Henry_Belot

Someone has just slapped an egg on the back of Australian Senator Fraser Anning’s head, who immediately turned around and punched him in the face. @politicsabc @abcnews55.4K6:34 AM – Mar 16, 201942.4K people are talking about thisTwitter Ads info and privacy

Фрејзер бурно реагирал на инцидентот со јајцето – тој силно го удрил момчето по што морало да реагира и обезбедувањето.

Австралискиот премиер Скот Морисон оценил дека изјавата на Анинг е за жалење и дека за таквите зборови нема простор во Австралија. Сенаторот и претходно имал расистички испади – тој минатата година се заложил за “Австралија само за белци”.

Translate »